ВИДЕО: Познатата пејачка се онесвести на сцената додека настапуваше

Од:

Пејачката Пети Смит (79) се онесвести за време на презентација на проектот во Сао Паоло, по што се врати на сцената и им се извини на присутните бидејќи нема да може да продолжи.

На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како Смит лежи на подот, а набрзо таа е однесена од сцената во инвалидска количка.

Таа го презентираше својот проект „Преписи“ со берлинската група „Саундвок колектив“ во Сао Паоло во средата и падна додека читаше за климатските промени, според АП.

Таа повторно се врати на сцената во инвалидска количка и и се извини на публиката која на пејачката и скандираше „те сакаме“.

Саундвок колектив соопшти дека Смит боледувала од тешка мигрена во последните неколку дена, но се очекува повторно да настапи.

Би можело да ве интересира

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Русија прави своја верзија на Евросонг

А1он

ВИДЕО: Ајкула нападна и уби тинејџерка, и немаше спас

А1он

Поддршката на Мадона за студентите предизвика реакциja од Карлеуша: Легенда си, ама одје*и

А1он

Драма во вселената: „Заглавената“ астронаутка заборави да оди

А1он

Откриен идентитетот на најпознатиот сериски убиец