Жителите на Лавула, место со 5.000 жители во државата Махараштра, оддалечено 480 километри од Мумбај, велат дека мајмуни пред еден месец почнале да се осветуваат откако глутница кучиња убиле млад мајмун.
Оттогаш мајмуните ги „ловат“ кучињата, ги одвлекуваат и ги фрлаат од високите дрвја и од куќите.
Во местото речиси и да нема веќе кучиња, но нападите на мајмуните не престануваат.
Фотографиите и видео-снимките од локалните медиуми покажуваат мајмуни како држат кучиња искачени на високи гранки или како ги бркаат низ селото, додеја жителите се засолнуваат на безбедно.
Забележано е дека мајмуните напаѓаат и деца што предизвикало паника меѓу жителите на Лавула. Тие се обратиле до локалните власти барајќи помош за да се справат со осветољубивите мајмуни, а некои се обиделе и самите да ги фатат обидувајќи се да ги спасат кучињата и неколку луѓе се повредени.
Rampaging monkeys kill 250 dogs in India in revenge massacre https://t.co/ez3TsKCtUz pic.twitter.com/J3UrYSlwYT
— New York Post (@nypost) December 17, 2021
Експертите кои го проучуваат однесувањето на приматите, велат дека студиите покажале дека мајмуните може да се осветуваат и дека неретко откако ќе бидат нападнати возвраќаат со иста мерка кон оние што се поврзани со првобитниот агресор.