По минатогодишниот стабилен и практичен смартфон „ЛГ В-20“, годинава компанијата ЛГ го промовира својот нов „В-30“, што пак, се очекува да ја елиминира најголемата забелешка за „В-20“ – несразмерниот екран.
„В-30“ потсетува на „Самсунг Галакси С-8“. Има шест инчен 18:9 Квад ХД ОЛЕД екран со помала рамка, заоблени агли и процесор Снепдрагон 835. Тој исто така содржи и два објектива и сензор за отисоци од прсти.
Од ЛГ соопштуваат и дека овој модел успешно минал повеќе од десет стандардни тестови на издржливост.