ВИДЕО: Летечки костим за побрза итна помош

Од:

Болничари тестираат нов вид брза помош во изолираната област Лејк Дистрикт во северна Англија. Се работи за летачки костим со којшто лекарот ќе стигне до пациентот многу побрзо отколку со возило за итна помош или пешки…

Како во научнофантастичен филм на „Марвел“, пронаоѓачот на костимот – и пилот – Ричард Браунинг се крева неколку метри над нерамниот терен и со помош на мали мотори прикачени на неговите раце и нешто како ранец, го преминува.

– Никој не знае што нѐ чека во иднина, но многу сум горд на овој почеток, рече тој.

Технологијата, развиена од овој Британец, драстично го намалува времето што им е потребно на екипите за итна помош да стигнат до тешко достапниот терен. Тоа значи и побрза и поефективна служба.

Костимот развива брзина од 51 километар на час, а може да се искачи и до висина од 3.658 метри.

Лејк Дистрикт е популарен кај планинарите почетници, иако се работи за тежок терен со многу променливи временски услови. Според Здружението на спасувачи, во 2019 година имало 584 случаи кои барале итна интервенција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Ајфон 12 – 5-Г“ со нов екран и нов изглед

Ана Ололовска

Во продажба билетите за првиот лет со летачко такси

Ана Ололовска

Новиот Плејстејшн 5 во ноември за 400 и 500 долари

Ана Ололовска

„Епл“ го одложи претставувањето на новиот „Ајфон“

Ана Ололовска

Уред за комуникација меѓу луѓето и животните

Ана Ололовска

Први фотографии од новиот „Галакси воч 3“

Ана Ололовска