ВИДЕО: Копии на Доналд и Меланија Трамп се појавија на приемот во Белата куќа за „Ноќта на вештерките“

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп заедно со првата дама Меланија се најдоа во центарот на вниманието во Белата куќа за време на пречекот на „Ноќта на вештерките“ или „Вечерта на сите Светци“.

За време на настанот, во публиката се појави минијатурна верзија на првиот пар на САД.

Мало момче и девојче, облечени како Доналд и Меланија многу слични на нив, се фотографираа со американскиот претседател и неговата сопруга.

„Правилата за социјално растојание беа запазени на годишниот прием за Ноќта на вештерките“, соопштија од Белата куќа.

Празникот се прославува на 31 октомври. Според многу научници, овој празник првобитно бил под влијание на западноевропскиот празник на жетвата и денот на мртвите со можни пагански корени, додека други сметаат дека тој произлегол од Саун и има христијански корени.

Овој ден често е поврзан со црната и портокаловата боја, а посебно со симболот фенер од тиква.

Активностите поврзани со овој ден вклучуваат шеги (trick-or-treat), маскенбал, „посетување на проколнати места“, палење оган, резбање тикви, „вадење јаболка“ (apple bobbing), читање страшни приказни и гледање хорор филмови.

Би можело да ве интересира

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини

Дуда му порача на Зеленски дека треба конструктивно да соработува со Трамп

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Медиуми: Путин и Доналд Трамп ќе се сретнат во Москва на 9 мај

Горан Наумовски