ВИДЕО: Кометата Неовајз видена од Земјината Орбита

Од:

Визуелниот уметник Сеан Доран направи свое видео од кометата Неовајз, која во следните неколку недели ќе поминува по патека меѓу Сонцето и Земјата и ќе биде видлива од планетата за првпат по 6.800 години.

„Земете ладно освежување, изгасете светло, раскомотете се, сместете се удобно и префрлете го ова на голем екран. Уживајте во пијалакот!“, напиша Доран под видеото на Инстаграм.

Боб Бенкен, астронаут на Меѓународната вселенска станица, за весникот „Њујорк тајмс“ објаснува како тој и неговите колеги биле во можност да ја видат кометата во мај.

– Неовајз е релативно блиску до Сонцето, така што требаше да биде доволно оддалечена за сончевата светлина да не нѐ заслепува (при набљудувањето)… Пред зора, точно пред Сонцето да се појави пред нас, кометата беше видлива во тој кус временски период, иако се уште беше блиску Сонцето, што, пак, се уште беше скриено зад Земјата. Тоа беше, просто, прекрасна и уникатна глетка!, раскажува Бенкен.

Кометата Неовајз, прв пат е забележана на 27 март. Таа деновиве ќе биде видлива и за Земјаните, а најблиску до нашата планета ќе биде на 22 јули, наведуваат од НАСА.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ