ВИДЕО: Кокошка направи хаос во метрото во Мексико сити, вработените ја бркаа со метли

Од:

На една линија на метрото во Мексико Сити, сообраќајот бил запрен поради кокошка кој трчала по шините.

Видеото, објавено од метро системот на Мексико Сити, покажува се гледа дека е исклучена струја на станицата во близина на центарот на градот.

Исто така, може да се забележат работници од персоналот и службениците за цивилна заштита како ја бркаат кокошката покрај пругите со метла, обидувајќи се да ја фатат, пренесе АП.

Кокошката успеала да избегне фаќање неколку пати, пред работник да фрли палто врз неа.

По инцидентот, сообраќајот брзо се нормализирал.

Би можело да ве интересира

Човечки останки од исчезнати оператори во кол центри се пронајдени во 45 кеси во западно Мексико

(ВИДЕО) Страшен масакр на рели: Маскирани напаѓачи ја нападнаа трката, убија десет и ранија девет лица

Наставата е откажана во училиштата во Мексико поради активноста на вулканот Попокатепетл

Во самоодбрана уби човек кој ја силуваше, осудена е на шест години затвор, пресудата предизвика гнев кај жените

Горан Наумовски

Страшна сцена во Мексико: Патници изгореа живи во директен судир на камион и минибус, меѓу 26-те жртви има деца и бебе

Судир на камион и патничко комбе на автопат во Мексико, загинаа најмалку 13 лица