Вилата на најдобриот фудбалер на сите времиња Лионел Меси на Ибица беше цел на вандали, односно климатски активисти кои ја уништија.
Британските медиуми групата Futuro Vegetal (Иднината на зеленчукот) ја нарекоа „еко-мафија“, а самите објавија видео на кое се гледаат двајца нивни членови како стојат пред вила и држат транспарент на кој пишува: „Помогнете и на планетата – јадете ги богатите – укинете ја полицијата“.
Активисти ја испрскаа белата фасада на вилата на Меси со црвена и црна боја, а тоа го објавија и на Твитер.
🚨🚨| Lionel Messi's villa was VANDALIZED by environmental activists in Spain 😳🇪🇦
The walls were smeared with black and red paint, along with a message:
"Help the planet. Eat the rich. Abolish the police." pic.twitter.com/wfmYsAbEaN
— CentreGoals. (@centregoals) August 6, 2024
„Ја прошаравме вилата на Меси на Ибица. Вилата е дивоградба која фудбалерот ја купи за неверојатна сума од 10 милиони евра“, напишаа групата активисти.
„Додека екстремната десница ги обвинува имигрантите за кризата и покажува екстремно насилство кон нив, луѓето како нас кои се борат за подобар свет јасно разбираат дека проблемот е социјалната нееднаквост“, додаваат тие, обвинувајќи ги богатите за недостаток на одговор на климатските промени.
Futuro Vegetal, исто така, цитираше извештај на Оксфам од 2023 година, кој покажа дека најбогатиот еден процент од светската популација генерирал иста количина на емисии на јаглерод во 2019 година како и најсиромашните две третини од човештвото.