ВИДЕО: „Кисаи“ – јапонски часовник со вграден алко-тест

Од:

Јапонската компанија „Токиофлеш“ претстави „смарт“ часовник, кој истовремено служи како алко-тест и покажува дали корисникот е пијан или не.

Часовникот на компанијата „Токиофлеш“, наречен „Кисаи“, има вграден уред за анализа на нивото на алкохол кај корисникот. Часовникот врши анализа на здивот на корисникот и покажува едно од трите нивоа на пијанство.

Зелено светло значи дека корисникот е трезен, жолто светло значи дека корисникот има до 0,6 промили алкохол во крвта, а се над оваа вредност се означува со црвено светло.

Кисаи е изработен од нерѓосувачки челик и има батерии кои може да се полнат. Сепак, производителот наведува дека корисниците не треба во целост да се потпрат на часовникот при проценка на способноста за управување со возило.

– Овој часовник е наменет првенствено за забава. Производителот не гарантира дека резултатите од анализата ќе бидат потполно точни и релевантни и нема одговорност за последиците од неговата употреба, наведуваат од компанијата.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска