Автономниот брз железнички транспорт (АРТ) свечено е претставен во јужната кинеска провинција Хунан.
– Возот има сензори кои ја детектираат димензијата на патот, што му овозможува да се движи по точно определената патека без метални шини, објасни главниот инженер на проектот Фенг Ѓијангхуа.
Возот е долг 32 метри, се движи со помош на електрична енергија, а може да пренесе до 307 патници.
Користи гумена опшивка на тркалата и може да достигне максимална брзина до 70 километри на час.
Системот на АРТ е применет на овој воз, што му овозможува да се движи по пат што го одредуваат стотици сензори наместо желеничка пруга.
Компанијата на овој проект работи од 2013 година, а се надева дека возот ќе биде целосно подготвен за користење следната година.
Дизајнерите истакнуваат дека АРТ е значително поевтин од подземните железници кои чинат меѓу 60 и 100 милиони долари по километар, додека АРТ чини околу 2,2 милиони долари.
Кина со овој проект стана првата земја во светот што создаде воз на виртуелни шини.