ВИДЕО: Кинеска блогерка случајно се отру во тек на пренос во живо

Од:

Ѕвездата на кинеските социјални мрежи, блогерката Мс Зенг, случајно самата се отру при емитување на видео во живо, сакајќи да ги покаже сите предности на билката алое вера.

Имено, таа купила погрешен вид на билката и тоа што го пробала при преносот воопшто не било алое вера, што таа го сфатила дури кога почнало нејзинот дејство.

Видео-снимката набрзо ја пренесоа многу кинески сајтови.

На почетокот на снимката се слуша како 26-годишната девојка вели „ова е прекрасно“, додека јаде од билката. Сепак, работите набрзо се сменуваат кога таа сфаќа дека нешто не е во ред, велејќи дека билката е премногу горчлива.

Устата почнува да и се вкочанува, а како што тврди грлото почнало да и гори.

Според кинеските медиуми, лекарите кои ја примиле в болница, соопштија дека таа конзумирала опасен вид на билка и морале да го испразнат желудникот. Сега нејзината состојба е стабилна.

Билата агава, која ја конзумира, расте во Мексико и се користи во кулинарството, како и во текила, но е неопходна внимателна подготовка.

Од Универзитетот во Корнел соопштија дека агавата може да биде многу токсична.

– Агава американа има неколку отровни состојки, не се сите позитивно идентификувани. Најверојатно содржат некои иритирачки масла во својот сок, соопшти Универизтетот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Жена со години јаде камења, досега изела над 1.360 килограми

Ана Ололовска

Бизарна смрт во Барселона – човек загинал барајќи си го телефонот во скулптура на диносаурус

Жарко Настоски

Индиска двојка за три години се селела 18 пати поради фобија од лебарки

Ана Ололовска

На денот на свадбата свекрвата дознала дека снаата и е родена ќерка

Ана Ололовска

Приказна што го шокираше светот: Го воспитувала 13 години, а потоа го завела, сега имаат бебе

Ана Ололовска

ВИДЕО: Само во Јапонија – фирма „купува“ човечки лица за 300 евра и прави морничаво реалистични маски

Жарко Настоски