ВИДЕО: „Кажи, кажи либе Стано“ – отец Предраг од Тетово пее како Павароти

Од:

Сограѓаните одамна знаат дека протојереј Предраг Исаески од Тетово има дарба за уметност по која се издвојува од другите свештеници на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија.

Тој со децении е член на литературниот клуб „Кирил Пејчиновиќ“ од градот и има издадено повеќе збирки поезија, а највпечатлив дел од неговиот опус се песните со љубовна тематика.

Но, неговите музички, поточно пејачки способности, досега беа непознати за пошироката македонска јавност. Во снимка објавена вчера, отец Предраг се претставува со сјајна изведба на староградската класика „Кажи, кажи либе Стано,“ на која можат да му позавидат и многу професионални пејачи – што и не е чудно, затоа што пеењето е важен дел од свештеничката професија.

Распеаниот отец во своето слободно време ги следи сите спортски случувања, а познат е и како одличен играч на спортска прогноза, со „стаж“ уште од времето на Југославија. Неговите сограѓани коментираат дека во овие тешки времиња, пејачките бравури на отец Предраг воопшто не се лош начин на кој еден свештеник може да го подигне духот на народот.

Би можело да ве интересира

Втор пат за еден ден, дел од Тетово е без струја

Дефект на трафостаница во Тетово, без струја околу 5000 корисници

Поднесена иницијатива за испитување на уставноста за преименување на улиците во Тетово од 2007 година

24-годишно момче од Тетово си го истепа три години постариот брат

Сојузот на борци преку отворено писмо бара да нема промена на имиња на улиците во Тетово

А1он

Одбележани 24 години од загинувањето на полицаецот Момир Стојановски