Со станбените кризи во земјите ширум светот, архитектите презедоа задача да пронајдат економични решенија.
Најпопуларното и навидум најкорисното од овие решенија е микро-домувањето. Минијатурнидомови, кои се доволно мали за да ги намалат трошоците, но доволно големи за да одговараат на содржините како што се кујната, бањата, спалната и просторијата за јадење.
Архитектот Ренато Видал од Италија создаде прифатливo живеалиште со модерен дизајн, чија цена е 24.000 фунти или 32.810 долари, а кое се гради само за шест- седум часа.
Видал успеа овие мали куќи да ги направи крајно елегантни и еколошки прифатливи.
Иновативните куќи М.А. Ди, кои се направени во фабриката, целосно спакувани, а потоа лесно се транспортираат до речиси секоја локација може да се изградат без потреба од изградба на бетонски темели.
За монтажата се потребни само три лица и неколку часа рачна работа, а за оние кои сакаат да живеат зелено, еко-пријателската куќа има капацитет да стане „целосно енергетски независна со соларни панели, ЛЕД осветлување и системи за сива вода “.
Изградбата на куќата е едноставна. Сите основни модели вклучуваат тоалет, кујнски приклучоци и технички инсталации и гаранција за испорака од 60 дена.
Мала куќа е достапна во различни големини во зависност од буџетот и потребниот простор. Во моментов опциите се движат од една мала куќа од 27 квадратни метри по цена од 24.800 фунти до семејна куќа со 84 метри квадратни со двостепени скали, која чини 54.900 фунти.