Американскиот борец Џим Милер, одлучил на јавноста да и покаже како многу борци пред службеното мерење ја намалуваат тежината со радикални методи.
Милер ја наполнил кадата со вода, во неа ставил четири килограми сол, и лежел пет минути, но по неколку пати.
Не се обидувајте ова да го направите дома!
На овој начин, од телото се извлекува водата, а дебелите борци успеваат да ја намалат тежината и до 10 килограми. Се работи само за губење на водата, за да ослабат пред мерењето. Повеќето од килограмите се враќаат веќе следниот ден.