На почетокот на овој месец вселенското летало Хајабус 2 направи мал кратер на астероидот Риугу, а сега конечно можеме да видиме како тоа изгледа.
[CRA2] Crater formation where the Small Carry-on Impactor collided with Ryugu has been confirmed! These images compare the surface before and after the SCI collision. pic.twitter.com/BZPYlHhSjs
— HAYABUSA2@JAXA (@haya2e_jaxa) April 25, 2019
Јапонската вселенска агенција Јакса го управува леталото, а на својот профил на Твитер објави фотографии кои настанале пред и по делувањето на леталото Хабус 2 коешто се наоѓа во близина на астероидот Риугу од јуни 2018 година. Леталото има задача на Земјата да донесе примероци од астероидот.
Досега леталото има исполнето дел од мисијата кога на 21 февруари се приближи до астероидот и испишти проектил во облик на куршум на неговата површина, по што делови од карпите завршија во коморите за собирање примероци на леталото.
Јакса е заинтересирана за примероци од длабоките слоеви па токму затоа леталото презеде „агресивни“ дејствија. На 4 април леталото исфрли „бомба“ кон Риугу чија цел беше да направи вештачки кратер, којшто ќе овозможи пристап до внатрешноста на астероидот, а со тоа и до материјал што неопходен за понатамошно испитување од страна на научниците.
Тој материјал не бил изложен на влијанија од вселената повеќе од милијарда години, за разлика од матријалот на површината на астероидот. Со самото тоа, тоа значи дека тој материјал е подобро зачуван, односно ја претставува состојбата на астероидот кога првично бил формиран.
Камерите на леталото го снимија моментот и влијанието на експлозијата.