Излезе нов јапонски трејлер за The Wolverine, најновиот филм од X-Men серијалот.
Дејствието во филмот е сместено веднаш по настаните во X-Men: The Last Stand и го следи Логан, вечниот воин и отпадник, кој е во Јапонија.
Хју Џекмен ќе го глуми Логан по петти пат, додека во останатите улоги се појавуваат Хал Јамагучи, Вил Јун Ли, Тао Окамото и Рила Фукушима.
Режисер на филмот е Џејмс Манголд, додека сценариото го напишаа Кристофер МекКвари и Марк Бомбак.