Шест години по учеството на Евровизија, Јана Бурческа ја изненади јавноста со нова песна – темата „Home alone“.
Како автори на музиката се потпишуваат Драги Иванов и пејачката, која исто така го напиша текстот за песната. Звукот на „Home alone“ е финиширан со мастеринг од германскиот платинест инженер на звук Рој Реклиз.
Песната доби и видео спот режиран и реализиран од Ѓорги Вацев.
Бурческа вели дека конечно се чувствува подготвено да и се врати на музиката.