Видеоспот за макфестовската песна „Омилен“ на Марија Спасовска

Од:

Младата и талентирана пејачка Марија Спасовска беше една од најзабележаните учесници на овогодинешното издание на фестивалот „Макфест“, кој се одржа викендот во Штип.

Таа имаше одличен настап со нејзината песна „Омилен“ уште во првата вечер од фестивалот, а тоа го потврди нејзиниот пласман во втората вечер, каде настапи со веќе докажаните музички ѕвезди од македонската естрада.

Веднаш по завршувањето на фестивалот, односно наредниот ден младата пејачка го објави и својот видеоспот за макфестовската песна, кое го изработија момците од „Урбан Рекордс“.

„Презадоволна сум од песната, настапот реакциите на публиката, задоволна сум од себе како се претставив на фестивалот. Добивам по десетици пораки дневно на социјалните мрежи од луѓе кои не ги познавам дека им се допаднал мојот настап, а тоа посебно ме радува и ме мотивира во исто време. Се надевам дека песната ќе биде слушана во иднина“, вели младата пејачка.

Марија се потпишува како автор на оваа песна, односно нејзини се музиката и текстот, а прсти замеша и познатиот продуцент Роберт Билбилов кој го направи аранжманот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов сингл на Кристина Арнаудова „Засекогаш“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Јана Бурческа ја промовираше „Home alone“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Тамара Тодевска ја објави својата нова песна „Нијагара“

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дупер со нова песна

Ана Ололовска

ВИДЕО: Нова песна на ДНК – „Милион денови“

Ана Ололовска

Суперхикс со концерти во Софија и Солун

Ана Ололовска