ВИДЕО: Интел и АМД работат на нова лаптоп технологија

Од:

Технолошките гиганти „Интел“ и АМД ги здружија силите со цел – производство на лаптопи со технолошки пософистицирани перформанси.

Идејата е да се поврзат Интел Кор процесорите и графиката на АМД, што се содржи на пример, кај „Икс-Бокс Уан Икс“ конзолите, низ револуционерниот Ембдед Мулти-Дај Интерконект Бриџ протокол (ЕМИБ), заснован на хетероген силикон, којшто овозможува брз пренос на информации.

– Нашата соработка со „Интел“ ја проширува веќе поостоечката база на АМД Радеон графичките картички и нуди решение за графиката со високи перформанси. Заедно на гејмерите и креаторите им нудиме потенок и полесен компјутер (лаптоп), оспособен за поголеми перформанси во ААА игрите и програмите за креирање содржини, изјави главниот менаџер на АМД, Џим Андерсон.

Двете компании ќе изработат и заеднички драјвер, соодветен за новите процесори.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска