ВИДЕО: Инфлуенсерка од осум години се фали со 13-годишниот дечко, за мајка ѝ тоа е во ред

Од:

Полицијата во Украина деновиве се заинтересирала за случајот на едно осумгодишно девојче, позната блогерка со над половина милион следачи, која се забавува со 13-годишно момче, исто така познат од социјалните мрежи.

Милана Мила Маханец и нејзиното момче објавуваат фотографии на кои се бакнуваат, па дури и спијат во ист кревет. Мајката на осумгодишното девојче , Дарја, се огласи преку Инстаграм и ја поддржа нивната врска, со коментар дека „тоа е нивниот живот и тие самите мораат да сфатат што и како“.

Според психолозите, се работи за пример кој покажува како децата се хиперсексуализираат во денешниот свет на социјални мрежи, лајкови и виртуелна реалност во која живеат младите генерации. Експертите предупредуваат дека примерите како овој, кои добиваат огромен публицитет, влијаат лошо врз стотиците илјади следачи на девојчето, кои тоа однесување ќе го видат како нешто кон кое треба да се стремат.

Дел од експертите го покренаа и прашањето на безбедноста на девојчето со објавувањето на фотографиите, посочувајќи дека самата сексуализација на нејзиниот изглед, провокативноста и начинот на кој таа се однесува… ја прават потенцијална мета за предатори, а Миланка веќе пишувала дека многу постари мажи ѝ пишуваат и сакаат да се запознаат со неа.

Би можело да ве интересира

Сибиха: Веќе започнавме консултации со САД за новиот текст на договорот за ретки минерали

Шмихал: Украина очекува отворање на преговарачки кластери во наредните месеци

Анкета: Повеќе од 50 отсто од Украинците стравуваат од неправеден мир

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Киев: Русите регрутираат млади државјани на Украина за терористички и диверзантски активности

Германија ќе и обезбеди на Украина повеќе од 11 милијарди евра воена помош до 2029 година