Индиецот Паван Кумар си го отсече показалецот, откако осознал дека со него на парламентарните избори гласал за „погрешната” политичка опција – владејачката Индиска народна партија (БЈП).
Видеото од тој чин сé повеќе се шири на интернет. Во него тој нагласува дека „го збуниле многуте партиски симболи“.
#Watch: Shocker coming in from Bulandshahr, as a BSP supporter chopped off his finger after he allegedly pressed the wrong button on the EVM and voted for BJP instead. #LokSabhaElections2019 pic.twitter.com/1YqYIr2QWq
— Mohit Sharma (@iMohit_Sharma) April 18, 2019
– Сакав да гласам за слонот (како симбол), но по грешка гласав за цвеќето (БЈП), објаснува Кумар во видеото.
Слонот е симбол на левичарската опозициска Партијата на мнозинскиот народ (БСП).
Партиските симболи се од огромно значење за изборите во Индија, каде што писменоста е на многу ниско ниво.