Црвената планета е преполна со вонземјани, тврдат многумина откако роботизираното возило Curiosity се спушти на Марс. Досега, ако може да им се верува на оние што сакаат да ги драматизираат истражувањата во вселената, Curiosity снимил повеќе НЛО и аномалии во своето непосредно опкружување.
Дали на Марс се видливи патишта или ѕидови, чудни остри предмети кои укажуваат на некој одамнешен живот на планетата? НАСА засега не коментира.