(ВИДЕО) Го убил лажниот чувар на паркинг кој му зел 40 долари и се вратил на состанок со девојката

Од:

Маж од Тексас кој дознал дека бил измамен за 40 долари од лажен чувар на паркинг, ја оставил својата девојка во ресторан, зел пиштол од автомобилот и наводно го застрелал човекот пред да се врати на вечера.

Наводно Агир (29) на партнерката и рекол дека се е во ред и дека само го заплашил човекот на паркингот. Кога почнал да се однесува чудно, решил да го напушти ресторанот.

Два дена подоцна, девојката нповикала полиција, откако се видела во медиумите на фотографија на која се велело дека луѓето од сликата се осомничени за убиство на човек на паркинг.

Полициските детективи изјавија дека Агир и неговата девојка излегле на вечера во ресторан во центарот на Хјустон. Откако ги паркирале своите автомобили во близина на ресторанот, на парот им пришол маж кој им рекол дека е задолжен за паркирањето. Им побарал по 20 долари за секое возило.

Агир платил 40 долари, но келнерот подоцна ги предупредил во ресторанот дека маж ги мами луѓето на паркингот, пишува Fox news.

Сведок подоцна и рекол на полицијата дека видел како Агире влегува во неговиот автомобил, грабнал пиштол и почнал да трча кон човекот. Подоцна рекол дека и двајцата му излегле од видно поле, но дека набрзо слушнал истрели.

„По пукањето го видов Агир како лежерно се враќа во автомобилот со пиштол во рака. Го остави во возилото, а потоа се врати во ресторанот“, изјави сведокот.

Девојката со која бил на состанок изјави на судењето дека кога се вратил и рекол дека му е непријатно во тој ресторан и ја замолил да оди на друго место.

Кога полицијата пристигнала на местото на несреќата видела маж како лежи во локва крв. Со возило на брза помош бил пренесен во болница, каде набргу починал.

Девојката со која Агуир бил на состанок вели дека до наредниот ден не била свесна што се случило, се додека не ги виделаполициските фотографии.

Таа од почетокот соработувала со полицијата и не е осомничена за вмешаност во делото.

Агир е уапсен и судењето е во тек.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) После серија моќни торнада, 50 луѓе затрупани во урнатините во Мичиген

Горан Наумовски

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол