ВИДЕО: Ги напаѓаа минувачите, па налетаа на ММА борец

Од:

Двајцата напаѓачи биле многу расположени за тепачка на улица, но не знаеле дека од другата страна е човек кој не треба да се провоцира. ММА борецот Виктор Лајал лесно ги „среди“, иако на видеото јасно се гледа дека по секоја цена сакал да го избегне конфликтот и ги предупредил да се држат настрана.

Неколку пати познатиот борец им објаснил на момчињата дека треба да престанат да го следат низ градот и дека воопшто не е паметно да се тепаат на улица со него, но… Се случи она што никој не го сакаше, тој мораше да им додели неколку удари. Виктор двапати со тупаница и еднаш со нога удри еден од напаѓачите кој не му даваше мир.

Напаѓачите постојано го следеле на улица, фрлале работи кон него и кон другите минувачи, а целиот конфликт започнал бидејќи Лајал станал да заштити случаен минувач кој претходно бил малтретиран.

Виктор ја започна својата професионална кариера во 2015 година, но по една победа и два последователни порази се повлече од сцената. Сепак, боречките вештини премногу му недостасуваа, па се врати во рингот во 2020 година и почна само да победува. Моментално има три по ред, а последната победа ја забележа кон средината на март годинава.

Би можело да ве интересира

Се истепале двајца малолетници во средно општинско училиште во Неготино

Кафеанска тепачка во Зајас, насилник со стаклени шишиња истепал познаник

Тројца насилници од Кочани претепале малолетник

Дечко и девојка се истепале пред кафеана во Аеродром

Две жени се истепале пред продавница во Ѓорче Петров

Инцидент во Белград, гости од Австрија демолирале хотел