Јапонската компанија „Фуџитсу“ претстави уред што обичен лист хартија го претвора во екран осетлив на допир.
Модерните смартфони, таблети и компјутери ги контролираме со допир, но новиот уред на експретите од Фуџитсу овозможува на тој начин да го контролираме и текстот на обичен лист хартија. Уредот со помош на камера и проектор скенира делови или фотографии од текстот и овозможува пребарување дополнителни податоци или нивно меморирање.
Уредот препознава што нашите прсти допираат и овозможува примање посебни наредби за селектираниот дел.
– Системот не користи дополнителен специјален хардвер, составен е од камера и комерцијален проектор, но неговата моќ е во технологијата за обработка на фотографии, изјави Тајчи Мурас за „Diginfo.tv“.
На објавеното видео може да се види како со допир на некој дел од хартијата можеме да видиме дополнителни податоци. На тој начин може да се копираат фотографии или одреден дел од текстот и истите да се меморираат. Системот гледа се што се наоѓа пред него и ги мери сите предмети и автоматски прилагодува координати за камерата и проекторот, на тој начин овозможува координирање на информациите што се допираат.
Уредот подеднакво функционира без разлика дали пред него се наоѓа обичен лист
хартија или кнгига.
Системот се уште се наоѓа во „демо фаза“, во Фуџитсу планира комерцијална
верзија од уредот за идната година.