Компанијата Епл има намера до 2019 година на пазарот да исфрли ново „Епл Пенсил“ пенкало коешто на корисниците на „Ајфон“ и „Ајпад“ ќе им овозможи потполна прецизност во типкањето и скицирањето на екраните на допир.
Основачот на Епл, Стив Џобс беше против користење на екрани чувствителни на додир, но времињата се менуваат, па „Ајфон“ телефоните добија големи стаклени екрани, а наскоро и пенкало. Тоа ќе може да се користи за цртање, графички дизајни, анимации, како и за секојдневното типкање, сурфање онлајн, за чет и друго.
Како и претходните модели на пенкалата на Епл, и ова ќе се полни преку УСБ кабел, и тоа ќе оди прилично брзо. На пример, со полнеж од 15 секунди, пенкалото ќе работи 30 минути. Врвот на пенкалото се менува кога ќе се потроши.
Најголемиот конкурент на Епл, Самсунг веќе им понуди на своите корисници телефон со пенкало.