Мало парче пластика може да напојува преку влага, утврдија во американскиот универзитет МИТ.
Полимерот може да ја претвора термалната енергија во механичка и од неа прави електрична енергија. Може да се примени во големи комерцијални електрани, како и сензори кои се напојуваат преку испарување на потта.
„Возбудени сме поради овој нов материјал. Очекуваме дека ако постигнеме поголемо ниво на ефикасност, што сеоднесува до конвертирањето на механичка енергија во електрична, овој материјал ќе се најде на пошироката примена“, рече Роберт Лангер, научник и професор.
Материјалот на тенкиот слој на пластиката се состои од две интерлоковани мрежи на полимер, тврди, флексибилни матрици кои имаат структурна потпора и мек гел наречен полиолоборат, кои заедно собираат енергија од разликата меѓу сувото и мокрото опкружување.
Кога гелот доаѓа во контакт со водата впива, се потопува и издвојува од мократа површина, и тогаш доаѓа во контакт со воздухот. Кога водата испарува слојот, кој генерира електрицитет во текот на движењето, го завршува целиот процес.
Јасна Атанасова