ВИДЕО: Ел-Џи претстави серија персонализирани смартфони Ака

Од:

Ел-Џи претстави четири Андроид смартфони од серијата Ака, што имаат сопствени имиња и личности.

Еги е жолт и лесно се вљубува, Вуки е бели и малку непристоен, Јојо е розов и има проблеми да се придржува до својата диета, додека Соул е црн и е љубител на музика. Серијата Ака заедно е поврзана со позадинска приказна со вонземјани.

Ел-Џи Ака е смартфон од средна класа. Опремен е со 5 инчен 720п екран, работи на Андроид 4.4. КитКат оперативен систем, четиријадрен процесор со 1,2 гигахерци, 1,5 ГБ РАМ меморија, 8 мегапиксели камера на задниот и 5 мегапиксели на предниот дел, 16 ГБ вградена меморија, микроСД отвор, ЛТЕ поддршка и батерија од 2.610 мили Ампер часа.

Очите на Ака реагираат на акцијата на корисникот и служат како некој вид на информатор. Добиваат вртоглавица доколку телефонот падне, изгледаат поспано доколку батеријата е потрошена и менуваат боја со цел да покажат одредени емоции.

Ака моделите засега се достапни во Јужна Кореја по цна од 455 долари.

Би можело да ве интересира

4iG ги поттикнува иновациите и растот како лидер на пазарот во мобилните телекомуникации

Горан Наумовски

На мобилен месечно зборуваме по 3,5 часа, на фиксен половина час

Ана Ололовска

A1 Македонија ќе ги доставува месечните сметки електронски до корисниците

Ана Ололовска

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Во првиот квартал 1,9 милиони претплатници во мобилната телефонија

Ана Ололовска

Во мобилната телефонија 1,969 милиони претплатници

Ана Ололовска