(ВИДЕО) Џеф Зајберт: Сѐ што правите на интернет се следи и се запишува

Од:

Новиот филм на режисерот Џеф Орловски – „Социјални дилеми“ (The Social Dilemma) предизвика лавина реакции на интернет, во врска со тоа колку луѓето знаат и не знаат за Фејсбук, Твитер, Инстаграм итн.

Филмот на Нетфликс содржи мненија на стручњаци за опасностите од социјалните мрежи.

„Го гледав ‘Социјални дилеми’ и посакав да го фрлам мојот телефон преку прозорот. Дојдов до два заклучока: 1. Ако не беа милијардерите, ние немаше да сме во оваа положба; 2. Социјалните мрежи се најголемата закана”, напиша Твитер-корисникот @lidlbigthings.

Поранешниот извршен директор на Tвитер – Џеф Зајберт објаснува: „Сакам луѓето да знаат дека што и да прават на интернет – тоа се следи и се запишува. Дури и тоа – какви слики гледате и колку време”.

„Филмот е страшен. Но, тој ја прикажува самата вистина. ’Производот кој се продава – тоа сте самите вие‘ е идејата, и тоа е наједноставно кажано. ’Производот’ е постепената промена во вашето поведение и во вашето размислување”, објави корисникот под Твитер-назив @shivamkimothi.

Би можело да ве интересира

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Најпознатата измамничка од Нетфликс ќе се натпреварува во „Танц со ѕвездите“

Македонија има најбрз интернет во регионот

Секс, лаги и скандали: На Нетфликс пристигна серија за веб-страница која растури многу бракови

Предраг Петровиќ

Се огласи демначката по која е снимана серијата: „Тој е лажго и психијатриски случај“

Предраг Петровиќ