ВИДЕО: Доминик Лоригио – човек на кого му е забранет влез во коцкарниците

Од:

Доминик „Дајс Доминејтор“ Лоригио многумина го сметаат за најголем коцкар во светот, додека според други тој е обичен измамник, пишува „Вајс“.

Шеесет и тригодишниот коцкар тврди дека методот „контрола на коцката“ му донел толку многу пари, што влезот во голем број коцкариници во Лас Вегас и Мисисипи му е забранет, а на оние на кои им ја кажал неговата метода, според него, исто така, редовно заработуваат десетици илјади долари.

Доминик вели дека од фрлањето коцки направил вештина, која секој може да ја научи.

– Фрлањето коцки е работа на физиката: тоа е проект во движење, во воздух, изјави Лоригио за „Вајс“. – Многу луѓе кои ги учев, сега играат професионално, победуваат во фрлање коцки со помош на техниката која ја развив, додава тој.

Неговата фабрика „Голден Тач Крепс“ неодамна во еден хотел оддржа дводневен семинар каде неговата екипа инструктори ги обучувале потенцијалните коцкари, кои за таа привилегија ја платиле 1.595 долари.

Доминик вели дека неговото „златно фрлање“ е процес од осум стапки, вклучувајќи фокусирање на одреден дел на масата и фрлање на коцките на начин да се елиминира дополнително ротирање, да се намалат шансите за отскокнување и синхронизација на ротацијата на коцките за да не паднат во комбинација 4-3, 5-2 или 6-1, со што би се добил губитничкиот број седум.

Би можело да ве интересира

Лас Вегас: Три жени се пронајдени мртви во два одвоени апартмани, осомничениот е убиен

Горан Наумовски

ВИДЕО: Збеснат криминалец ја прескокна клупата и ја истепа судијката

Катерина Ѓуровски

„САКАМ ДА РАБОТАМ“: Антикоцкање конечно призна дека дистанцата од 500 метри е затворање на легалните објекти за игри на среќа

Предраг Петровиќ

Хакери го нападнаа Лас Вегас

Вработен во обложувалница на другар му дал 10.500 евра службени пари за да игра на слот апарати

Горан Наумовски

„Мафијашкото“ езеро кај Лас Вегас се повлекува поради сушата, се појавуваат тела