„САКАМ ДА РАБОТАМ“: Антикоцкање конечно призна дека дистанцата од 500 метри е затворање на легалните објекти за игри на среќа

Од:

Маските паднаа! Се потврди она што го тврдиме. Движењето „Антикоцкање“ од Тетово само се затскрива зад приказната дека е загрижена за младите, а всушност нивната главна цел е затворање на легалните објекти. Затоа со право ги нарекуваме „Група за играње на црно“.

На денешната прес конференција во Тетово, претставникот на „Антикоцкање“, со манипулацијата дека наводно премиерот и други државни органи ни ветиле дека ќе не вработат во јавната администрација, всушност призна дека е точно дека со усвојувањето на скандалозните и противуставни законски измени, 10 илјади луѓе ќе останат без своите работни места. Од сега па натаму никој повеќе не треба да има дилема дека последиците од овие законски измени ќе бидат катастрофални по македонската економија. Ќе се затвори целосно легален сектор, за да се отвораат диви играчници по подруми, младите навистина ќе бидат загрозени, државата нема да има никаква контрола, ние ќе треба заедно со своите семејства, да си го бараме чарето во западните земји каде повторно ќе работиме во секторот игри на среќа.

Бидејќи повторно вршите притисок врз пратениците, дури поставувате рокови до кога да се изгласаат законските измени за затворање на легалните игри на среќа, добро е на пратениците да им ги одговорите следните прашања:

Зошто Албанија се откажа од забраната на игрите на среќа? Дали е точно дека за време на четири годишната забрана во Албанија како печурки никнале нелегални играчници? Ја слушнале ли изјавата на албанскиот премиер Еди Рама на оваа тема? Колку жители од Косово играат игри на среќа во Тетово? Каде според нив припаѓа Северна Македонија, во друштво на западните цивилизации и ЕУ или нечие друго друштво?

Кога веќе дрско и грубо изнесувате невистини дека ни е ветено вработување во јавна администрација конечно охрабрете и кажете ја вистината 10 илјади семејства си ја бранат чесната и легална егзистенција, чиј матен бизнис интерес вие браните.

ЗДРУЖЕНИЕ НА ВРАБОТЕНИ ВО СЕКТОР ИГРИ НА СРЕЌА
САКАМ ДА РАБОТАМ

Би можело да ве интересира

Во цел западен свет се дозволени игри на среќа, зошто Mакедонија која цели кон ЕУ би била исклучок

Предраг Петровиќ

АПИС: Албанија ги врати игрите на среќа, Македонија сака да ги врати игрите на црно

Орце Костов

Албанија повторно ги дозволи игрите на среќа

Предлози за изменување на Законот за игри на среќа-евтини политички поени кои се закана за буџетот на Северна Македонија

АСОМ: ЕУ го блокираше Законот за игри, Пендаровски ја препозна злоупотребата на ЕУ знаменцето

Горан Наумовски

АПИС: Антиевропско и антидемократско сценарио во Комисијата за европски прашања