ВИДЕО: Дизајнирани патики на Најк кои сами се врзуваат

Од:

Патиките кои сами се врзуваат, слични на тие кои имавме можност да ги видиме во филмот „Враќање во иднината”, ги произведе компанијата Најк, а се работи за ограничен модел наречен Nike Mag. Дизајнирани се и произведени во партнерство со Фондацијата Мајкл Џи Фокс (MJFF), а на купувачите во светот ќе им бидат достапни околу 100 пара.

Сите кои сакаат шанса да ги купат патиките, мора да се пријават до 11 октомври. Пријавата чини 10 долари, а бројот на „билетите” кои едно лице може да ги купи не е ограничен. Добитниците ќе бидат извлечени, а сите пари одат во хуманитарни цели за фондацијата MMJF и борба против Паркинсоновата болест.

Минатиот месец е најавено доаѓање на патиките под името Nike HyperAdapt 1.0 кои сами ќе се врзуваат кога сензорите ќе го детектираат стапалото. За дополнително затегање и опуштање на врвките постои копче од страна.

Продажбата на овие патики ќе почне на 28 ноември.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска