Тајванското студио „Лин“ го дизајнираше „ДЕК“ – флексибилниот држач за вино и за чаши наменети за вино со цел да биде корисен и практичен.
Креиран е од два дела што се изработени од рециклирана хартија. Првиот дел е полица за вино, каде можат да бидат сместени до три шишиња, другиот дел е држач за чаши, што може да користи за повеќе чаши во зависност од нивната големина.