„Ballon Bleu“ е една од најпопуларните колекции на брендот „Картие“ (Cartier), а се состои од луксузни часовнци со ненадмината елеганција.
Таквите часовници можеме да ги видиме на рачните зглобови на Кејт Мидлтон и други членови на британското кралско семејство. „Серти вајбрант“ изданието тешко може да се смести во некоја одредена категорија – тој не е кичест, иако тешко може да се каже за часовник кој декорира волкав голем број дијаманти.
Тој има куќиште со пречник од 42 мм направено од 18-каратно бело злато, декорирано со 201 дијаманти, како и сини стрелки и круна што е декорирана со сафири.
Преубавиот бројчаник е декориран со 123 брилијатно сечени дијаманти, кои се поставени заедно помалку да осцилираат и да создадат волшебен ефект кој претходно не е виден на ниту рачен часовник.
„Серти вајбрант“ часовникот има и алка од родиум од 18-каратно бело злато, која е декорирана со 985 дијаманти, што значи дека сите скапоцени камења на овој часовник тежат заедно 15 карати.
Само 20 парчиња од овој префинет часовник „Серти вајбрант“ (Serti Vibrant) ќе бидат произведени, секој ќе биде индивидуално нумериран и ќе чини 250.000 долари.