Пејачката Бритни Спирс со секоја објава што ја прави на социјалните мрежи предизвикува големо внимание, а така беше и овој пат.
Имено, таа се огласи на Инстаграм каде објави видео од нејзините празни кутии со накит, тврдејќи дека се украдени е украдено.
„Како што можете да видите, целиот накит ми беше украден“, започна Бритни.
“Тешко ми е да купам нови бидејќи се плашам дека сè повторно ќе исчезне. Затоа купувам евтин и лажен накит, но тешко ми е бидејќи некои од парчињата што исчезнаа се направени специјално за мене. Крстот што го носев од мојата четврта година, го нема“, рече таа во видеото.
“Ќе ви покажам луѓе, навистина, целиот мој накит е украден. Сето тоа го нема. Целиот мој накит го нема”, вели таа во видеото.