Интернет ѕвездата Колин Фурз досега има десетици изуми коишто ги воодушевуваат неговите милиони следачи на Јутуб каналот.
По специфичната верзија на костимот на „Железниот Човек“ (Iron Man), и по лебдечкиот велосипед, следи ново изненадување од овој оригинален Британец. Имено, тој од микробранова печка успеа да направи конзола и ја нарече „Плеј-о-Вејв“.
Концептот е навидум едноставен – покрај потребните механизми, на самата вратичка од микробрановата, тој поставил екран, а до неа има монтирано неколку приклучоци за џојстици. И, сето тоа функционира одлично.
Пред две години, овој иноватор успеа од микробранова печка, со надградба, да направи и фрижидерче, кое може да послужи при брзо ладење на храната што сме ја прегреале.