(ВИДЕО) Бред Пит за повлекувањето на САД од Климатскиот договор: Станува се потопло, нема иднина

Од:

Откако американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече САД од Парискиот договор за климатски промени, социјалните мрежи се преплавени со негативни коментари и шеги на негова сметка.

Прв од славните личности кој се јавно реагираше на претседателската одлука беша актерот Бред Пит.

Тој во „Шоуто на Џим Џефрис“ се појави како водител на временска прогноза, соопштувајќи дека САД се повлекле од Парискиот договор и ги објасни последиците по животната средина од таквата одлука.

Стоејќи пред картата на светот обоена во црвено во сите делови, Пит покажувајќи на некои делови рече: „Ќе биде уште потопло, малку овде, малку онде“.

Водителот Џефрис, кој изгледаше помалку шокирано од прогнозата за времето, потоа го праша Пит за предвидувањата за во иднина.

– Нема иднина, одговори актерот.

Би можело да ве интересира

По разводот Анџелина Џоли е побогата за вртоглава сума на пари

Предраг Петровиќ

Анџелина Џоли и Бред Пит повторно заедно, ама на филмското платно

А1он

Бред Пит се соочува со нови обвиненија во спорот со Анџелина Џоли

А1он

Европскиот парламент бара сите земји да придонесат во финансирањето на климатските акции

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Откриена е причината зошто Бред Пит и Џорџ Клуни не зборуваа со години