По разводот Анџелина Џоли е побогата за вртоглава сума на пари

Од:

Нови детали се појавија откако заврши долгогодишната постапка за развод на Бред Пит и Анџелина Џоли.

Случајот за разводот на славната двојка траеше осум години, а после се, актерката е побогата за повеќе од 70 милиони евра. Оваа значителна сума не била намалена со предбрачните договори во кои тие јасно го делеле својот имот и го држеле одвоено.

Џоли стана побогата благодарение на продажбата на нејзиниот дел од сопственоста на францускиот замок и лозјето Миравал во 2021 година. За 50 отсто од акциите, кои ги имала актерката, добила повеќе од 62 милиони евра.

Имено, кога поранешниот познат пар го купил имотот Миравал, се договориле да им го препишат на своите деца. Исто така, дел од договорот бил доколку одлучат да го продадат својот удел, прво да му го понудат на другиот.

Меѓутоа, славната актерка го игнорирала тој дел од договорот и го продаде својот дел без знаење на Пит. Продала и слика на Винстон Черчил за 11,1 милиони евра, која ја добила од нејзиниот поранешен сопруг.

Би можело да ве интересира

Жената која плати 830 000 евра за лекување на „Бред Пит“ е на психијатриска клиника

Предраг Петровиќ

Откриена причината за смртта на пејачката на позната група

Предраг Петровиќ

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

Симпсонови ги предвидоа и пожарите во Калифорнија

Предраг Петровиќ

Џенифер Лопез е загрижена за Бен Афлек

Предраг Петровиќ

Пожарот престана токму пред палатата на Том Хенкс

Предраг Петровиќ