Кога говориме за некој кој ги шири божјите заповеди, прва работа која ни паѓа на памет, е дека многу веројатно не станува збор за човек кој менува жени.
Но, со тоа не би се сложиле Кристи и Дин Параве од Флорида. Тие се посветени христијани, а направиле интернет страница Fitnes Svingers.com, на која собираат луѓе со слични интереси: посветени верници кои веруваат во поговорката „во здраво тело, здрав дух“.
Меѓутоа, Кристи и Дин на другите посветени христијани во разговорот за Господ и за фитнес инструкциите, им и сексуални задоволства. Имено, Кристи и Дин се свингери, па за нивниот животен стил се заинтересирале и новинарите од една телевизија кои снимиле и краток прилог за нив.
– Воопшто не сметам дека Господ би ни се лутел поради тоа што го правиме. Првиот пат тоа ме измачувеше, но што повеќе размислував за тоа, имаше се поголема смисла, раскажува 44-годишната Кристи.
– Дин и јас имаме свој договор и не изневеруваме. Господ нас не создал на земјата за да се размножуваме и да уживееме едни во други. Чувствувам дека Господ е секогаш со нас и дека овде сме со причина, додава Кристи.