Џеф Безос, денеска ќе му се приклучи на „клубот на астронаути“, со првиот свој лет преку неговата компанија „Блу ориџин“.
„Њу Шепард“ ќе биде лансиран во 15:00, а емисијата за настанот почна во 13:30 часот по македонско време, денеска од космодромот „Лонч сајт уан“, во западен Тексас. Пустинското место на полетувањето е на околу 40 километри од најблискиот град Ван Хорн.
Настанот ќе се пренесува во живо на интернет-страната на „Блу ориџин“.
Летот ќе трае 11 минути. Меѓу патниците е и братот на Џеф, Марк Безос.
Само две недели претходно, еден друг милијардер – основачот на „Вирџин Галактик“, Ричард Бренсон го имаше своето „огнено крштевање“ во вселената. Сепак, целите на „Блу ориџин“ се поамбициозни – во однос на височината до која ќе се издигне леталото „Њу Шепард“ на Безос, но и во однос на иднината и плановите.