На прв поглед изгледа како детска шега, но вистината би можела да биде поинаква. Имено ова јајчесто автомобилче би можело наскоро на улиците во американските градови да стане прав хит, бидејќи компанијата што го произведува има големи планови за него. „Егасус“, како што се вика ова весело автомобилче, преставен е како прототип на градски автомобил на иднината, а неговите главни адути се димензиите кои му овозможуваат лесно снаоѓање во сообраќајната гужва и паркирањето без мака.
„Егасус“ не развива голема брзина (40 км/ч), но за теренот по кој ќе се движи повеќе не е ни потребно. Него го движи елекртичен агрегат кој му овозможува со едно полнење на батеријата патување во радиус од 80 км.
И покрај тоа што „Егасус“ изгледа како да и најмал ветер би можел да го преврти, конструкторите такво нешто исклучуваат. Единствено „проблемче“ би можеле да бидат погледите на минувачите на кои идните сопственици ќе мораат да се навикнат. Тоа првенствено се однесува на Американците бидејќи Егасус ќе се продава исклучиво во САД.