Како и да биде именуван новиот стадион на Атлетико Мадрид, тоа ќе биде структура со додатоци кои се погодни за околината, наменети за идните генерации.
Со напуштање на историскиот стадион „Винсенте Калдерон“, играчите на Атлетико ќе играат на новиот стадион кој ќе биде направен на Олимпискиот стадион „ Ла Пеинета“ во Мадрид.
Новиот стадион ќе содржи соларни панели кои ќе топлат вода и со тоа ќе се намали користењето на електрична енергија и плин, што за возврат го редуцира емитувањето на јаглероден диоксид за дури 18,19 тони, а тоа е еднаква количина колку што 1.000 стебла апсорбираат во времетраење од една година.
Исто така, водата од дождот ќе се користи за наводнување на тревата и за чистење на стадинот, а ќе се собира со помош на четири резервоари кои заедно можат да соберат 620 квадратни метри вода.
Ова воедно ќе биде и првиот стадион што ќе содржи само ЛЕД сијалици.