Астрономите открија нова планета, која ја нарекоа „Рос 128-б”, и којашто има големина слична на Земјината. Но, годината таму трае нешто помалку од 10 дена.
Планетата, засега втората најблиска до Сончевиот Систем, за која науката има сознанија, е одалечена 11 светлосни години, а се претпоставува дека температурата на тлото е колку онаа на Земјата.
Рос е прилично блиску до својата ѕвезда, поради што и има куса орбита. Но, не е изложена на високи температури.
Тоа се добри вести за оние кои трагаат по живот во Вселената.