(ВИДЕО) Американска комичарка: Глупави Палестинци заслужуваат смрт

Од:

Американската комичарка, Џоан Риверс го шокираше светот со својата изјава дека Палестинците се глупав народ, кој заслужува смрт.

-Кога ќе објавите војна, сте ја објавиле, таа започнала. Нема сега да ги броиме жртвите. Мртов си, си ја заслужил смртта. Им беше кажано да излезат, зошто не го направија тоа? Доколку не излезеш, ти си идиот. Барем знаеме дека оние кои што загинаа имаа низок коефициент на интелигенција-истакна таа.

Риверс припадниците на исламското движење Хамас ги нарече терористи и додаде дека нив ги избрале глупави луѓе кои што немаат ниту пенкало.

Но, по објавувањето на видето комичарката нагласи дека нејзините зборови се извлечени од контекст и дека таа имала намера да укаже дека војната е пекол за цивилите, кои што се жртва на политичките судири.

-Медиумите како и обично одлучија да цитираат само еден дел, да го извлечат од контекст и да не забележат точно што сакав да кажам-изјави таа по осудата од јавноста.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање

Како гласаa Македонија и регионот за резолуцијата со која се зацврстува статусот на Палестина во ОН

Борел: Шпанија, Малта, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина

Генералното собрание на ОН треба да ја поддржи кандидатурата на Палестина за членство

ОН наскоро ќе гласаат за можноста за меѓународно признавање на Палестина

Катерина Ѓуровски

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во Обединетите нации