ВИДЕО: Активисти се снимаа како го уништуваат приватниот авион на Тејлор Свифт

Од:

Две активистки на „Just Stop Oil“, Џенифер Ковалски и Кол Мекдоналд, испрскаа портокалова боја врз приватните авиони на аеродромот Станстед, каде што се наоѓа и приватниот авион на пејачката Тејлор Свифт.

Ковалски, поранешна менаџерка за одржливост од Дамбартон, и Мекдоналд од Брајтон, ја пресекеа оградата на приватниот аеродром Станстед околу 5 часот наутро, каде што беше паркиран авионот на пејачката – Тејлорсвифт13, бидејќи бараат итен договор за постепено укинување на фосилните горива до 2030 година.

„За неколку минути полицијата пристигна на местото на настанот и приведе две лица. Аеродромот и летовите функционираат нормално. 22-годишна жена од Брајтон и 28-годишна жена од Дамбартон се уапсени под сомнение за кривично дело оштетување и попречување на користење или работење на националната инфраструктура“, соопшти полицијата, пренесува The Guardian.

Во февруари, адвокатите на Тејлор Свифт се заканија дека ќе тужат студент кој го следел користењето и движењата на нејзиниот авион на социјалните мрежи. На X мрежата, порано Твитер, постои профил наречен CelebJets, кој откри дека авионот во сопственост на славната пејачка бил најкористениот авион од славна личност и испуштал повеќе од 8.000 тони јаглерод.

Портпаролот на пејачката негираше дека Свифт била на секој лет, велејќи дека нејзиниот авион бил позајмуван на други.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп со Тејлор Свифт: Вештачката интелигенција создаде хаос

Горан Наумовски

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

Трамп призна: Ја мразам Тејлор Свифт!

A1on

Тејлор Свифт е најнаградуваниот уметник во историјата на MTV VMA наградите

Тејлор Свифт ја поддржува Камала Харис

Горан Наумовски

Дел од обожаватeлите се бесни после првиот концерт на Тејлор Свифт во Лондон

Горан Наумовски