Актерот познат по многуте улоги меѓу кој и од улогата на последниот Џокер во својот говор на Британските академски награди ја спореди филмската индустрија како „систем на опресија“.
Феникс ја освои наградата за најдобра улога во филмот Џокер.
Тој во својот говор ја критикуваше филската сцена и овогодинешниот филмски настан, потенцирајќи дека проблемот не може повеќе да се игнорира“.
Актерот додаде дека му е чест што ја прима наградата и поддршката од академијата, но и дека е засрамен што актерите со друга боја не ја имале истата „привилегија“ како него.
Joaquin Phoenix accepts his Leading Actor award for his performance in @jokermovie #EEBAFTAs #BAFTAs pic.twitter.com/1nK49CjrJo
— BAFTA (@BAFTA) February 2, 2020
Имено, Феникс не бил единствениот кој испратил критика до британската академија поради истиот пропуст што на овогодинешните награди не биле вклучени и другите раси освен белата.