ВИДЕО: 92-годишен поранешен боксер нокаутираше двајца напаѓачи пред британски „Мекдоналдс“

Од:

Неверојатно видео од улична тепачка го обиколи светот. Пред влезот на еден „Мекдоналдс“ во Велика Британија изби тепачка во која главна улога има поранешен 92-годишен боксер. Неколку луѓе го нападнаа дедото, не знаејќи дека е подготвен да возврати.

Конфронтацијата траеше неколку минути, а виталниот старец успеа да ги нокаутира двајцата напаѓачи.

Една жена упорно се обидувала да ја прекине тепачката, но воинствениот старец ја оттурна, сакајќи да им покаже на „мангупите“ со кого си фатиле работа.

Во описот на видеото на социјалните мрежи, се наведува дека старецот има 92 години и дека порано професионално боксувал, но неговото име не се открива.

Многу корисници на социјалните мрежи изразија сомнеж дека овој човек е навистина толку стар, бидејќи е неверојатно подвижен и силен за своите години.

 

Би можело да ве интересира

На воениот отпад во Ѓорче Петров се истепаа двајца војници на АРМ

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Велешанка заврши во притвор-истепала дете и фрлала камења по него

Предраг Петровиќ

Жена истепала продавачка во центарот на Скопје

Тепачка во средно училиште, се истепале двајца малолетници