ВИДЕО: 40 илјади Холанѓани влегоа во студеното Северно море

Од:

Десетици илјади Холанѓани учествуваа во традиционалното капење на први јануари во Северното море.

– Во Шевенинген имаше околу 10 илјади луѓе, а ширум Холандија рекордни 40 илјади, изјави Јиске Бартен, една од организаторите на овој настан.

Во костим за капење и портокалови капи и ракавички, кои ги добија од организаторите, во студеното море, точно на пладне, влегоа Холанѓаните.

– Помалку е лудо, но тоа е традиција. Секој Холанѓанин го има направено тоа барем еднаш во животот, рече 29-годишниот Сандер Велтахуизен.

Ова е негова 11-та година по ред, како се капе на први јануари во Северното море.

Би можело да ве интересира

Холандскиот министер за одбрана: Трамп не е добро информиран за војната во Украина

Горан Наумовски

Силна експлозија во Холандија

ВИДЕО: Скопје како воена зона, за Тошковски на Нова година било мирно

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Светот ја дочека 2025, спектакуларни огномети во Париз, Лондон, Дубаи, Њујорк

Катерина Ѓуровски

Жителите на Самоа и Кирибати веќе ја дочекаа Новата 2025 година

Сиљановска-Давкова: 2025-та да биде година на успеси, стабилност, радости и остварени соништа

Предраг Петровиќ