Апликацијата Вибер воведува нова опција со која што автоматски ќе ги брише фотографиите и видеата кои корисниците меѓусебно ги разменуваат.
Кога ќе направите фотографија или видео во апликацијата, ќе може да изберете по колку време ќе бидат избришани податоците.
Оваа опција ќе може да ја бират во горниот десен или долниот лев агол и ќе изгледа како прецртан часовник. Ќе може да бират дали содржината ќе биде избришана по 1, 3 или 7 секунди.
Оваа опција е во стилот на Инстаграм и Снепчет, кои ги освоија корисниците за разменување на фотографии.