Вештачката интелигенција би можела наскоро да биде замена за адвокатите

Од:

Гласовна програма што нуди бесплатни правни совети со помош на вештачка интелигенција, веќе е достапна на целата територија на САД и Велика Британија, пишува порталот „Верџ”.

Програмата „Ду-нот-пеј“ (во превод – не плаќај), беше успешно тестирана во Њујорк, Сиетл и на целиот британски остров. Имено, за две години, луѓето со нејзина помош успеале да решат околу 375.000 случаи на неправилно паркирање, изјави креаторот на самата апликација, Џошуа Броудер, студент на Универзитетот Стенфорд.

Тој стравува дека ќе го навлече гневот на адвокатите. – Адвокатите остваруваат обрт од над 200 милијарди долари. Се радувам на тоа што правните совети ги правам бесплатни, но некои големи адвокатски компании сигурно нема да бидат среќни поради тоа, изјави Броудер.

Според него, гласовната програма може да биде полезна и за државните институции.

Програмата ги генерира жалбите, така што претходно сама ја определува правната рамка за дадениот проблем.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска